Home Македонски / English  
Carp Fishing Macedonia

Кликни
и зголеми

Местоположба

Кликни ги
сликите
и зголеми ги










Аквариум е езеро за спортски риболов во близината на Скопје, Македонија. Тоа е посветено на крапот со девизата Фати и Пушти. Изобилството на крап и амур во езерото со површина од 28.000 m2 заедно со еколошки здравата околина, овозможува вистинско уживање на ова место.

Богатство

Со право може да се каже дека ова е најбогатото езеро со риба. Покрај постоечката популација, во изминатата година беше порибено со капитaлен Крап, Амур и Сом во вкупна тежина од преку 5.000 kg. Минатата зима до крајот на месец март порибено е со уште 2.100 kg риба и тоа 90% крап со големина 1 до 9 kg. Сегашната состојба со рибниот фонд е следната:

вид вкупно големина
Крап 7.000 kg 1-20 kg
Амур 1.200 kg 3-9 kg
Толстолбик 120 kg 0,5-5 kg
Сом 100 kg 4-10 kg
Јагула, Караш и Лињак малку различни

Големите порибувања се вршат со примероци над 1 kg или со поединечни примероци над 5 kg.

AquariumEcoFish™ откупува жив неоштетен крап и амур со тежина од повеќе од 6 кг. Пред да ја платиме и да ја пуштиме во езерото, рибата ја задржуваме во 7 дневен карантин. Откупувањето го вршиме меѓу 1 септември и 15 април. Повеќе информации на нашата поштенска адреса или на форумот.

Повелете посетете нé.

Бистро !

За повеќе информации јавете се на +389 70330974


Copyright  ©2005   AquariumEcoFish



Вести
Форумот се реорганизира заради спам
Вести
Резултати
Aquarium Carp Open II
13-15 јуни 2008

Вести
Резултати
Aquarium Carp Open
4-6 април 2008




Архива на Вести