Home Македонски / English  
Carp Fishing Macedonia

Кликни
и зголеми

Местоположба

Кликни ги
сликите
и зголеми ги












Езерото Аквариум е оддалечено само 15 километри од центарот на Скопје, Македонија. Истото се наоѓа во прекрасен еколошки чист предел далеку од градската врева. Комуникацијата до Аквариум се остварува преку стариот пат за Велес или преку автопатот, на само 3-5 km до аеродромот Петровец и хотелот Белви. Ова езеро претставува центар на крапскиот риболов со единствената девиза Фати и Пуштии сочувај го богатството за поколенијата. Самата водена површина постои повеќе од 35 години, а пред 20-тина години порибена е со караш и нешто крап. До 2004 година беше обрасната со трска, водени растенија, запуштена бара, оставена на милост на несовесните риболовци.

Во 2004 година од мала група вљубеници на овој вид на риболов и сопствениците, со свои сили пристапија кон уредување на самото езеро, оградување, чистење на околината и дното, уредување на риболовните позиции по светски стандарди, пошумување и урбанизирање на просторот (струја, вода). Испитаниот квалитет на водата ја класифицира истата во 2-ра категорија со висок процент на кислород. Напојувањето со вода е од подземните води од кои се снабдува и околното население. Водената површина изнесува 28.000 m2 , длабочината е 1-8 метри, со годишна варијација на температурата на водата што најмногу одговара на крапскиот вид. Целата оградена површина со прекрасниот предел е околу 6 хектари.

Ова е прекрасно место за риболов и одмор. На самиот брег сместен е риболовен клуб во кој се приготвува вкусна храна и се служат пијалоци.


Повелете посетете нé.

Бистро !



За повеќе информации јавете се на +389 70330974


Copyright  ©2005   AquariumEcoFish



Вести
Форумот се реорганизира заради спам
Вести
Резултати
Aquarium Carp Open II
13-15 јуни 2008

Вести
Резултати
Aquarium Carp Open
4-6 април 2008




Архива на Вести