Carp Fishing Macedonia
Кликни и зголеми
Кликни ги сликите и зголеми ги
|
ПРАВИЛА И ПРОПИСИ НА ЕЗЕРОТО “AQUARIUM”
од 1 Март 2007 година
Цени
Домашни Риболовци
|
вид на дозвола
|
време
|
цена
|
Дневна дозвола за
2 риболовни стапа.
|
05:00-22:00 часот
|
150 ден
|
Дневна дозвола за
празник и викенд.
|
05:00-22:00 часот
|
200 ден
|
Странски Риболовци
|
вид на дозвола
|
време
|
цена
|
Дневна дозвола за
2 риболовни стапа.
|
05:00-22:00 часот
|
8 евра
|
|
Целодневна дозвола.
|
24 часа
|
12 евра
|
Годишни риболовни дозволи за членови на С.Р.Е.З. “ЕкоФиш” 070330974
Спортско-риболовното езеро “AQUARIUM” ИСКЛУЧИТЕЛНО е наменето за спортски риболов.
НЕ Е ДОЗВОЛЕНО!
-
палење на отворен оган во кругот на езерото
-
внесување на пијалоци во пластична амбалажа
-
приготвување на храна на позицијата за риболов
-
боци под притисок
-
фрлање на отпадоци во водата и околината
-
вознемирување на животинскиот и уништување на растителниот свет на езерото
-
сечењето на дрвјата, гранките и деградација на вегетацијата е СТРОГО ЗАБРАНЕТО
-
користење на чуварки
-
риболов на видно обележан потег од брегот со ТРАЈНА ЗАБРАНА (освен со посебно одобрение)
-
ноќен риболов 21.00 – 05.00 (освен со посебно одобрение)
-
да риболоват деца под 10 годишна возраст
-
деца од 10 – 15 години, да риболоват без придружба на возрасен
-
риболов вон времето определено на риболовната дозвола
-
риболов со повеќе од 2 (ДВА) риболовни стапа СО ПО ЕДНА јадица (освен со посебно одобрение)
-
риболов со риболовен стап без машинка за риболов (освен со посебно одобрение)
-
користење на риболовен конец под бр. 0,18 и јадица помала од бр. 6
-
користење на хемиски супстанции во прихраната и примамувањето, кои НЕ СЕ ПРЕДВИДЕНИ за исхрана на
рибите
-
насилно и неконтролирано вадење на уловената риба
-
допирање на уловената риба по телото и главата со ненамокрени раце
-
фаќање на рибата за очи, жабри (шкрги) и откачувење на јадицата со разни предмети, гранчиња, жици и сл.
-
некористење на подметачи (поставени на СЕКОЈА позиција) за вадење на рибата
-
подметачот и кепчето секогаш да бидат намокрени
-
уловената риба внимателно се слика и ВЕДНАШ се враќа во водата
-
риболовецот кој сака уловената риба да ја откупи, тоа е должен да го најави при добивање на
риболовната дозвола
-
дозволен е откуп САМО на крап и амур од 1- 4кг
-
уловените примероци на крап и амур под 1 кг, сом, толстолобик, лињак, јагула ВЕДНАШ се враќаат во
водата
-
влегување во водата повеќе од половина метар во длабочина
-
не се дозволени несварени семиња од житни и други растенија и ЖИВИ мамци. Вашите ВИСТИНСКИ мамци ќе ги
најдете во специјализираната продавница на влезот;
ПРЕПОРАЧУВАМЕ!
-
пријавување на излез кај рибочуварската служба
-
пријавување на уловената риба
-
пријавете ја секоја оштетена риба кај чуварите или членовите на ЕКОФИШ
-
за поуспешен риболов користете полуфиксни олова
-
риболовната дозвола се чува до крајот на риболовот
-
генерално не е дозволено правење на поголема бука на езерото
-
риболовецот е одговорен за однесувањето и штетата на оние кои престојуваат со него, а не риболоват
-
користете ги и одржувајте ги чисти полските тоалети кои се наменети за ВАС
-
алкохолот во поголеми колкичини и спортувањето НЕОДАТ заедно. Алкохолизираното однесување НЕМА да се
толерира
-
паркирајте ги возилата правилно на паркинг просторот
-
децата до 10 години, НАШИ ДРАГИ ГОСТИ, заради нивна безбедност е предвидено да престојуваат во нивниот
забавен парк
-
резервирајте позиција за риболов за викендите и празниците. Бројот на риболовците на езерото е
ОГРАНИЧЕН
-
не ја оставајте риболовната опрема без контрола. За оштетување или губење на истата САМИТЕ сносите
одговорност
Членовите на ЕКОФИШ имаат право во секое време да ги опоменат риболовците и да ги подучат на правилата
на езерото.
Почитувајте ги другите риболовци. И тие како и Вас се дојдени да уживаат во СПОРТСКИ риболов.
Уловената риба што поскоро да се слика и врати во водата. Не е дозволено пренесување на уловената риба
без прописен ЕКО сак. Пофалете се со сликата, која може да се најде во Нашиот албум или ВЕБ сајт
.
РИБОЧУВАРСКАТА СЛУЖБА ИМА ПРАВО ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ ДА ИЗВРШИ КОНТРОЛА НА РИБОЛОВЦИТЕ ЗАРАДИ ПОЧИТУВАЊЕ НА
ОВИЕ ПРАВИЛА, ДА ИЗВРШИ КОНТРОЛА НА УЛОВЕНАТА РИБА, А РИБОЛОВЦИТЕ СЕ ДОЛЖНИ ДА СОРАБОТУВААТ СО НИВ.
За непочитување на наведените правила и прописи на Спортско-риболовното-еколошко-здружение “ЕКОФИШ”,
посетителите и риболовците ќе бидат: ОПОМЕНАТИ, ќе им биде одземено правото на понатамошен престој и
риболов, ВРЕМЕНО или ТРАЈНО забранет риболов и престој на езерото “AQUARIUM”.
За се она што не е доволно објаснето обратете се на контролорите-чувари!
ПРИЈАТЕН ПРЕСТОЈ.
Повелете посетете нé.
Бистро !
За повеќе информации јавете се на +389 70330974
Copyright ©2005 AquariumEcoFish™
|
Вести
Форумот се реорганизира заради спам
Вести
Резултати Aquarium Carp Open II 13-15 јуни 2008
Вести
Резултати Aquarium Carp Open 4-6 април 2008
Архива на Вести
|